Барселона славеше со убедливи 5-1 на првото „Ел класико“ за оваа сезона против Реал Мадрид. „Каталонците“ понесени на крилјата на Луис Суарез, кој со хет-трик им зададе нов тежок удар на „кралевите“, славеа пред повеќе од 92.000 гледачи на „Ноу камп“.
Кутињо го отвори дербито со погодок во 11-тата минута, додека за вториот гол во првото полувреме се чекаше до 30-тата минута. Варан го фаулираше Суарез во казнениот простор, судијата со помош на ВАР – технологијата досуди пенал за „каталонците“, а Суарез без проблеми ја затресе мрежата.
Марсело даде тронка надеж за гостите во 50-тата минута, Реал намали на 2-1, а потоа го презеде шоуто. Прво зголеми во 75-тата минута, а за хет-трик и 4-1 погоди во 83-тата минута со фантастичен лов преку Куртоа. Видал фрли сол на раната на Реал само три минти откако влезе на теренот, за големи 5-1.
Барселона сега изби на првата позиција на табелата со 21 бода, Реал по овосезонскиот четврти пораз се наоѓа на деветтата позиција со 14 бода.
https://www.youtube.com/watch?v=f4rqz27Ez6U