ПОТВРДЕНО: Нема преживеани во падот на хеликоптерот

Ниту еден од петтемина патници кои беа во хеликоптерот кој во саботата вечерта се сруши во близина на стадионот „Кинг пауер“ не преживеа. Во хеликоптерот беа претседателот на Лестер Вишај Шриваданапраба, неговата ќерка, двајца пилоти и уште едно лице. Несреќата се случи неспосредно по завршување на мечот Лестер – Вест хем.

Шриваданапраба, како по обичај,по дуелот го чекал хеликоптерот на центарот од теренот на стадионот „Кинг пауер“. Тој заедно со својата ќерка и уште едно лице влегол во хеликоптерот, во кој имало двајца пилоти. Сепак, само неколку моменти откако хеликоптерот полетал, тој ненадејно се срушил, и тоа на паркингот пред стадионот.

„Со длабоко жалење и скршени срца потврдуваме дека нашиот претседател Вишај Шриваданапраба беше меѓу оние кои трагично настрадаа  во саботата вечерта, кога хеликоптерот се сруши пред стадионот „Кинг пауер“. Ниеден од петтемина патници кои беа во хеликоптерот не го преживеаа падот. Нашите мисли се со семејството на Вишај Шриваданапраба и семејствата на останатите кои настрадаа. Светот загуби голем човек, полн со љубезност, великодушност и љубов која ја посветуваше на својето семејство и на нашиот клуб. Лестер под негово водство стана како едно големо семејство. Ветуваме дека и без него ќе продолжиме да ја водиме истата политика и ќе имаме иста врска како до сега“, стои во соопштението на Лестер.

Вишај Шриваданапраба во 2010 година стана сопственик на Лестер, а под негово водство клубот стигна до најголемиот успех во историјата. Во 2016 година Лестер изненадувачки стана првак на Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести