Тухел откри зошто го седна Мбапе на клупа: Се работи за дисциплинска одлука

ПСЖ вчера ја продолжи серијата на 11 победи во францускиот шампионат, по триумфот од 2-0 на гости кај Марсеј. „Светците“ до водечкиот гол стигнаа преку Килијан Мбапе, пред Дракслер да го реши победникот во финишот, а предводникот на ПСЖ, Томас Тухел, по мечот откри зошто пред дербито се одлучил да направи промени во стартниот состав и да ги седне Мбапе и Рабио на клупа.

Како што кажа Тухел, Мбапе и Рабио задоцниле на последниот состанок, па им ставил до знаење дека вакви работи нема да се толерираат, на ниту еден играч нема да му прогледа низ прсти доколку не се почитува зборот на тренерот. Мбапе и покрај тоа што влезе во игра во вториот дел, придонесе за победата со водечкиот гол во 65-тата минута.

„Станува збор за дисциплинска одлука. Мбапе и Рабио доцнеа на последниот тимски состанот пред мечот, па со стручниот штаб одлучивме дека не треба да почнат од првата минута. Ќе беше голема штета ако не победевме, бидејќи преферирам Мбапе и Рабио да се во стартниот состав, особено во вакви пресметки, но оваа одлука беше неопходна, мора да се знае редот. На крајот, резултатот се покажа во наша корист“, истакна Тухел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести