Лопетеги го водеше тренингот на Реал за последен пат

Хулен Лопетеги професионално си ја изврши работата и се појави на денешниот тренинг на Реал Мадрид, кој се подготвува за дуел од Купот на Шпанија во среда. Тренерот на кого во наредните часови и официјално треба да му биде врачен отказ, работеше нормално, иако уште од синоќа сите шпански медиуми објавија дека Антонио Конте ќе биде негов наследник.

На дуелот со Мелиља во среда, на клупата на Реал би требало да биде Сантијаго Солари, а потоа се очекува работата да ја преземе Италијанецот Конте.

Лопетеги по поразот од Барса, во соблекувална се поздравил со фудбалерите, па овој тренинг претпладнево ќе му биде и последен со Реал. Бордот на директори попладне треба да ја потврди одлуката на претседателот Флорентино Перес за разделба со тренерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести