Шејн Ларкин беше тивок во првото полувреме во дресот на Анадолу Ефес против Жалгирис и лидерот во Евролигата се мачеше против Литванците, но во продолжението следуваше ново шоу на еден од најдобрите кошаркари во Европа.
Американецот што ќе игра за турската репрезентација се разигра во негов стил, постигна дури 25 поени во второто полувреме, а Ефес победи со 96:91.
Ларкин имаше и три украдени топки, едната од нив јубилејна стота во Евролигата за одличниот бек на водечката екипа.
Жалгирис постигна дури 19 тројки, имаше и предност до самиот финиш на мечот, но сепак загуби.
Ефес со 21 победа и само 3 порази е лидер во Евролигата и многу блиску да обезбеди настап во плејофот и битката за титулата.
Жалгирис е на 14-тото место со 9 победи и 15 порази.