Филаделфија гостинските рани ќе ги лечи на домашен паркет

Филаделфија 76 ерс – Мемфис гризлис (кошарка, НБА, 01.00 часот)

Филаделфија има четири порази по ред, но сите на гостински терен. Сега Сиксерс се врати дома и тоа е прилика да ја запре губитничката серија. Дома Филаделфија не загубила уште од 21 декември, оди на 23-тата победа во 25-тиот меч пред своја публика. Гризлис е во добра форма, има 13 победи на последните 16 меча, и осми се на силниот Запад. Мемфис во 2017 година последен пат триумфираше во градот на братската љубов.

Предлог тип: 1 & <220.50 (2.65)

 

Бостон селтикс – Атланта хокс (кошарка, НБА, 01.30 часот)

Ова ќе биде интересен дуел, бидејќи двата тима направија неколку размени на играчи и ќе играат во поинакви состави од кои што фановите беа навикнати да ги гледаат. Селтикс е во одлична форма, има осум победи на последните девет средби, но повредени им се повеќето стартери и неизвесно е кој ќе може да игра. И кај Јастребите има повредени клучни играчи. Бостон ги доби последните три меча со Атланта дома, иако секогаш примаше над 105 поени.

Предлог тип: <231.5 (1.90)

 

Индијана пејсерс – Торонто репторс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Актуелниот првак има 12 победи по ред што е клупски рекорд на Канаѓаните, а Индијана ги загуби претходните три меча, од кои едниот синоќа несреќен токму од Торонто со 118-119, и сега ќе сака да им се реваншира, па затоа типуваме дека Пејсерс ќе го добие првото полувреме. Што се однесува до традицијата на дуелите во Индијанаполис, никој нема предност. Последните три меча завршија со по една победа на Пејсерс и Репторс во регуларниот дел, а еднаш се играше продолжение.

Предлог тип: 1 пол. (1.95)

 

Феникс санс – Хјустон рокетс (кошарка, НБА, 03.00 часот)

Рокетс по продажбата на Клинт Капела, сега е без центар во тимот, но игра добро и продолжи да реди победи. После триумфот над Лејкерс, со голема самодоверба одат во Феникс, кој истотака направи одредени корекции во составот. Сонцата се во криза, имаат четири порази по ред, а една од причината се и големиот број повредени играчи. Хјустон е фаворит и според традицијата, во Аризона уште не загубил од 2013 година (има 13 победи по ред).

Предлог тип: 2 (1.75)

 

Јута џез – Портланд трејлблејзерс (кошарка, НБА, 04.30 часот)

Јута е во слободен пад, има пет порази едноподруго, и ќе се обиде да му врати на Портланд за поразот од 17 поени разлика од пред некој ден. Блејзерс има 6-2 на последните осум меча. За Џезерите клучно е да го запрат разиграниот Лилард кој има даде 51 поен, и во рекетот Гобер да го неутрализира Вајтсајд кој собра 21 скок. За Портланд не е непознато да победува во Солт Лејк сити, доби две од последните четири гостувања таму.

Предлог тип: Х 2 –8.50 (1.87)

- Оглас -

Најнови вести