Во Кливленд и во Реал е потоп без Леброн и Роналдо

Кливленд четири сезони по ред играше во финалето на НБА-лигата, а еднаш успеа да стигне и до тронот. Реал Мадрид беше поуспешен и три години по ред е европски првак. Главна причина за успесите на овие два тима во кошарката и фудбалот беа ѕвездите кои ги имаа во своите состави.

Леброн Џејмс беше незапирлив под кошот, а Кристијано Роналдо секогаш беше со повеќе голови отколку одиграни меча за Кралскиот клуб. Сепак, летово се случи тоа што овие два клуба најмаку го посакуваа. Првите ѕвезди си заминаа. Леброн се пресели во ЛА лејкерс, а Кристијано е играч на Јувентус.

Очекувано, без овие двајца Кливленд и Реал не се истите клубови, но ретко кој очекуваше дека толку многу ќе се почувствува разликата. НБА-тимот без Кралот има шест порази без ниту една победа, додека европскиот фудбалски првак моментно е на деветото место во шпанската Примера само со четири победи од 10 средби.

По ваквиот старт на сезоната, први настрадаа тренерите на двата клуба. Кливленд го отпушти Тајрон Луи, додека синоќа од Реал отказ доби Хулен Лопетеги. Иако логично е тренерите први да настрадаат при слаби резултати, во овие два случаи се гледа колку било големо влијанието на овие две големи ѕвезди.

Реал и Кливленд ја немаат истата моќ без Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс во составите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести