Деле Али може да добие суспензија поради невкусната шега за коронавирусот

Англиската фудбалска асоцијација, ФА, би можела да го казни и суспендира Деле Али од Тотенхем поради објава на „Снепчет“ на која се шегува на сметка на Азиец кој тврди дека има коронавирус. Англичаните немаат разбирање за шеги по социјалните мрежи во кои се потценува или навредува одредена раса, националност, вера, пол или сексуална ориентација.

Али во саботата објави фотографија од аеродром на која носи маска за лице и напиша: „Каква корона? Слушнете со звук“. Потоа ја сврте камерата кон еден човек од Азија кој беше во близина, а потоа и кон антибактериска течност и следуваше нов коментар: „Овој вирус мора да биде многу побрз за да ме фати“.

По серија критики, тој ја избриша објавата, а на кинеската мрежа „Веибо“ се извини.

„Не беше смешно, веднаш сфатив и го избришав видеото. Не треба да се шегуваме за такви работи. Ви испраќам љубов, моите мисли и молитви се со сите во Кина“, порача Деле Али, кој може да добие суспензија од еден меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести