Дончиќ е чудо кое не може да се сопре и во НБА (Видео)

Во НБА има нова млада ѕвезда. Тоа е Лука Дончиќ. Тинејџерот, кој има само 19 години, ја игра дебитантската сезона во најсилната лига, а веќе делува незадржливо. Иако нема одиграно ни 10 меча во НБА, тој се наметнува како лидер на Далас.

Ноќеска, Дончиќ уште еднаш ги увери Американците дека е чудо кое не може да се сопре. На дуелот против Сан Антонио даде 31 поен. За жал, тоа не беше доволно неговиот тим да слави. Сан Антонио победи со 113:108, дури по продолжение од пет минути.

Аналитичарите и сите фанови на НБА се чудат на играта на Дончиќ и се прашуваат што ќе може да направи овој играч во иднина ако вака игра сега на 19 години, и тоа само по неколку натпревари во најсилната лига во светот.

 

- Оглас -

Најнови вести