Лука Дончиќ се врати на паркетот, а со него НБА-лигата е многу позабавна. Словенецот постигна 33 поени на првиот меч по паузата поради повреда, а едниот од нив беше неверојатен. Или како што велат американските коментатори, вистински циркуски шут со поени и дополнително слободно фрлање.
Кори Џозеф, кој се обиде да го чува Лука, остана зачуден од начинот на кој преку него Дончиќ постигна поени, а публиката во „Американ ерлајнс арената“ се забавуваше.
Нова магија од Дончиќ во стилот на славните Харлем Глобтротерс, кои неодамна се пофалија и со неверојатно забивање.
How, Luka⁉️
📲💻: https://t.co/lZZApswzuX pic.twitter.com/5nz2hx1fJE
— NBA (@NBA) February 13, 2020