Домашните се радуваа на „Стемфорд бриџ“: Челзи се доближи до Европа, Тотенхем се оддалечи од ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Челзи сериозно се вмешаа во битката за излез во фудбалска Европа, откако на домашен терен го победија Тотенхем со 2-0. „Сините“ од Лондон сега се на осмата позиција на табелата со само три поени помалку од шесттиот Манчестер јунајтед, односно од позицијата која води во Конференциската лига.

За разлика од нив, Тотенхем останува на минус седум од Астон вила во борбата за Лигата на шампионите и е се подалеку од групната фаза на најелитното клупско натпреварување, иако има и меч помалку од екипата од „Вила парк“.

Челзи вечерва славеше со головите на Трево Чалоба во 24-тата и на Николас Џексон во 72-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести