Друштвото за влез во Куќата на славните во 2020 е мало, но одбрано

Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет, се меѓу имињата кои годинава може да влезат во кошаркарската Куќа на славните која се наоѓа во Спрингфилд. Објавени се само осум финалисти, што е помалку од вообичаеното, а на неодамна загинатиот Брајант му се прави чест, бидејќи правило за влез во Куќата на славните е да бидете барем пет години пензионирани од активното играње.

Освен Коби, Данкан и Гарнет, на листата на кандидати се Ким Малки (тренер на женскиот Универзитет Бејлор), Руди Томјанович (НБА тренер), Барбара Стивенс (тренер на Универзитетот Бентли), Еди Сатон (долгогодишен колеџ тренер) и Тамика Кечингс (легенда на ВНБА лигата).

Кои лица ќе бидат избрани за влез во Куќата на славните, ќе се објави на 4 април, за време на фајнал-форот на НЦАА лигата во Атланта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести