Љубовната приказна на Лионел Меси и Антонела Рокуцо е една од најубавите за кои сте слушнале. Симпатиите од детството долго време се заедно, имаат три деца, па вчерашниот Ден на вљубените, или Свети Валентајн беше уште еден во низата кој го прославија заедно.
За да ја изненади својата сопруга, Лео овојпат навистина се потруди. Во спалната соба Антонела ја пречекаа стотици црвено-бели балони, додека на креветот со листови од ружи беше напишано „Te amo“, односно „Те сакам“ на шпански јазик. Антонела изненадувањето го објави на својот „Инстаграм“ профил.