Сантос ќе ја тужи Барселона – Бразилците бараат 4,5 милиони евра за неодигран пријателски меч

Сантос ќе ја тужи Барселона и ќе бара отштета од 4,5 милиони евра за неисполнување на клаузула при трансферот на Нејмар од редовите на бразилскиот во шпанскиот гигант.

Со клаузула во договорот било предвидено да се одиграат два пријателски натпревари, но Барселона не си го исполни ветувањето во минатите 7 години.

Двете екипи одиграа еден пријателски меч, и тоа во 2013 година, првата од престојот на Нејмар во Барселона. Тогаш Каталонците на меч од „Трофеј Жоан Гампер“ славеа со 8:0, но потоа не го исполнија вториот дел од договорот и не гостуваа во Бразил.

Нејмар во 2017 година се пресели од Барселона во Пари Сен Жермен и од тој момент Сантос барал да се плати отштета од 4,5 милиони евра, што Барселона одбива да го стори тоа.

Во најавата за тужба во јануари годинава адвокатите на бразилскиот клуб ѝ дадоа на Барселона рок од пет дена да ги плати парите, што не е реализирано од страна на шпанскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести