Наполи значително ослабен за дуелот против Барселона

Калиду Кулибали нема да биде во составот на Наполи за тешкиот дуел против Барселона во осминафиналето од ЛШ. Одличниот дефанзивец веќе долго време не може да ја надмине повредата на бутниот мускул која ја здоби уште во декември минатата година.

Кулибали играше против Лече, меѓутоа се забележа дека не е во целосен натпреварувачки погон, а изминативе денови пропуштил неколку тренинзи. Сенегалецот нема да игра ниту во петок против Бреша, а треба да се случи чудо за да биде подготвен за мечот против Каталонците следниот вторник.

Како што стојат работите, одбранбената линија ќе ја предводат Манолас и Максимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести