Дончиќ е гаранција за успех на Далас, Мајами ќе го здроби Кливленд

Јута – Хјустон (03 ч.)

Ова е дербито на вечерта во НБА. По 55 одиграни меча имаат речиси израмнет биланс. Јута е со 36 победи, а Ракетите се радувале еднаш помалку. Ова е и директен дуел за подобро место на Западот пред стартот на плејофот. Пред нецели две недели одиграа драматичен меч, кога Богдановиќ со тројка во последната секунда донесе победа на Јута на гости во Хјустон.

И вечерва треба да биде неизвесен дуел, а фактот дека Јута загуби на шест од последните 10 средби, дава надеж за гостите. На 10 од последните 11 меча, Јута и дава и прима преку 100 поени, а кај Хјустон дури на 17 од последните 18 меча имало такви резултати кога двата тима ја надминуваат границата од 100 поени.

Предлог тип: >233,5 (1.85)

 

Атланта – Далас (01:30 ч.)

Лука Дончиќ е во одлична форма, а кога е така Далас, најчесто победува. Аталанта е тимот со третиот најслаб скор во лигата, но интересно е што Јастребите победија на четири од последните пет меча на свој терен. Далас е третиот најдобар тим на гостински терен веднаш зад Милвоки и Лејкерс.

Пред 20 дена овие екипи играа во Далас, кога домаќините победија со 23 разлика. Маверикс се бори за подобра позиција во плеј-офот и не смее да си дозволи пораз од еден од најслабите тимови. Атланта ја има најслабата одбрана во лигата, па може да се очекува да има и многу поени.

Предлог тип: 2-2 (1.90)

 

Мајами – Кливленд (02 ч.)

Ова е еден од оние мечеви на кои победникот е речиси предвреме познат, но сепак треба на терен да се покаже фаворитската улога. Мајами влезе во мини криза и загуби на пет од последните шест дуели, па пресметката со најслабиот тим на Истокот треба да ги врати во победнички колосек.

Жешките на свој терен имаат 22 победи во 25 меча, па тим кој има 15 победи во 55 дуели сезонава, нема што да бара на вакво гостување. И традицијата е на страна на Мајами, затоа што овој клуб победил на последните седум меѓусебни средби против Кливленд.

Предлог тип: 1 со хендикеп 12,5 (1.83)

 

Милвоки – Филаделфија (02:30 ч.)

Филаделфија е една од ретките екипи која може да се пофали дека сезонава го има победено Милвоки со двоцифрена разлика. Тоа е само знак дека Бакси мора да бидат внимателни, иако кога играат на свој терен секогаш се очекува победа (25 триумфи, три порази).

Милвоки е убедливо најефикасниот тим на во лигата, а Филаделфија сигурно ќе сака да се надигрува, па може да се очекуваат многу поени.

Предлог тип: 1-1&>226,5 (2.85)

 

- Оглас -

Најнови вести