Најневеројатниот шут за победа сезонава ги приземји Ракетите сред Хјустон (Видео)

Јута џез го победи Хјустон на гостински терен во еден од најнеизвесните мечеви одиграни сезонава. Дуелот кој се најавуваше како дерби на два тима кои имаат над 60 отсто победи во НБА, го оправда епитетот, а на крајот Јута се радуваше.

Хјустон имаше предност од 113:111, а остануваа само уште 1,6 секунди до крајот, кога гостите повикаа тајм-аут. Немаше многу време за акција, требаше само некој да ја преземе одговорноста за да шутира за победа. Таа одговорност му припадна на Бојан Богдановиќ и беше исправна одлука.

Топката дојде кај Богдановиќ, кој од свртување преку двајца противнички играчи успеа да шутне од околу девет метри и да погоди за штама кај домашните фанови во салата во Хјустон, а голема радост за гостите.

„На тајмаутот тренерот нацрта акција според која јас требаше да шутирам. Голема работа е тоа што ми веруваа дека ќе го погодам тој шут за победа“, вели Богдановиќ, кој е прв играч во НБА-лигата кој погодил два шута со сирената за победа на неговиот тим.

Резултати: Атланта – Њујорк 140:135 по продолжение, Филаделфија – Чикаго 118:111, Вашингтон – Мемфис 99:106, Хјустон – Јута 113:114, Кливленд – ЛА клиперс 92:133, Портланд – Мајами 115:109.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести