Лампард ги потврди лошите вести пред мечот со Баерн

Тренерот на Челзи, Франк Лампард, призна дека има проблеми околу составување на тимот за вечерашниот дуел против Баерн Минхен во рамките од осминафиналето на Лигата на шампионите. Челзи е домаќин на „Стемфорд бриџ“, но нема да може да смета на двајца квалитетни играчи.

Поради повреди, во составот сигурно нема да бидат Н’голо Канте и крилниот играч Кристијан Пулишиќ. Нема да игра Калум Хадсон-Одои, кој уште не е доволно подготвен.

„Пулишиќ нема да игра. Хадсон-Одои нема да игра. Канте нема да игра“, кратко реферираше Лампард.

 

- Оглас -

Најнови вести