Некогашниот тренер на Порто, Андре Вилјас-Боаш е избран за нов претседател на португалскиот гигант. Со изборот на Вилјас-Боаш за нов прв човек на клубот, заврши ерата која траеше неверојатни 42 години во кои претседателската функција ја вршеше Жорж Нуно Понто.
André Villas-Boas é o novo presidente do FC Porto.
Lista B venceu as eleições para os Órgãos Sociais do FC Porto no quadriénio 2024-2028👉 https://t.co/W4XfNHPlPi#FCPorto pic.twitter.com/RrdxCT9nsI— FC Porto (@FCPorto) April 28, 2024
На изборите, Вилјас-Боаш доби 21.489 гласови, додека неговиот противкандидат остана на само 5.224 гласови што е знак дека триумфот бил убедлив. Жорж Нуно Понто беше на чело на Порто од 1982 година и во негово време клубот се радуваше на 23 титули во домашното првенство, како и на два пехари во Лигата на шампиони (1987 и 2004 година), плус уште многу други трофеи што го прави Порто еден од најуспешните европски клубови.
Како тренер на Порто, Вилјас-Боаш во сезоната 2010/11 направи чудо и освои дури четири трофеи (португалското првенство, Купот на португалија, Лига купот и Лигата на Европа). Вилјас-Боаш освен во Порто успешно работеше и во Челзи, Зенит и Олимпик Марсеј.