Барселона има само 12 сениорски фудбалери на располагање за реваншот од осминафиналето во ЛШ против Наполи. Од овие 12-мина кои се пријавени со броеви на дресови од 1 до 25, двајца се голмани (Тер Штеген и Нето). Иако Барса извлече добар резултат во Неапол, веројатно нема да им биде лесно на реваншот.
Серхио Бускетс доби трет жолт картон и нема да игра, а Артуро Видал во финишот непотребно го предизвика судијата да му покаже црвен картон, па и тој нема да се појави на мечот со Наполи.
Кике Сетјен, кој со 61 година е еден од десетте најстари тренери дебитанти во ЛШ, од првиот тим на располагање ќе ги има само Тер Штеген, Семедо, Пике, Ракитиќ, Артур, Меси, Нето, Ленгле, Гриезман, Де Јонг, Умтити и Жуниор Фирпо. Сите други со броеви од 1 до 25 се повредени или суспендирани.