Де Бројне му врати на Куртоа за изневерувањето пред осум години

Синоќа во Мадрид пеналот за Манчестер сити не беше обичен. Очи во очи се најдоа Кевин де Бројне и Тибо Куртоа, двајцата белгиски репрезентативци кои не се пријатели, туку имаат само професионален однос, а причината е неверство.

Во 2012 година, девојката на Де Бројне спиела со голманот, а две години подоцна таа јавно призна и рече дека со Куртоа имала незаборавно искуство и доживеала романтични моменти какви што никогаш немала во три години врска со Кевин. Тоа всушност била одмазда на Каролине за тоа што Де Бројне ја изневерувал со нејзина најдобра другарка.

Де Бројне сега е оженет, има две деца, но иако помина доста време од „инцидентот“ во Мадрид, во потсвеста на двајцата постои проблемот, а Де Бројне овојпат излезе како победник од двобојот, барем во фудбалскиот.

- Оглас -

Најнови вести