Барселона благодарна на Гвардиола што им покажа на кој начин треба да играат за да го победат Реал

Реал Мадрид дефинитивно е во мини-криза. Кралскиот клуб во последните два меча во првенството освои само еден бод и на тој начин го загуби лидерското место во Примера, а синоќа загуби и од Манчестер сити во Мадрид, во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ова е прв пораз на Кралевите во нокаут-фаза под водство на Зинедин Зидан, а сега ќе им биде многу тешко да стигнат до пресврт во реваншот на гостински терен. Иако Реал делува разнишано, мадриѓани немаат многу време за размисливање затоа што веќе в недела ги чека нов голем предизвик, дуелот против вечниот ривал Барселона.

Популарното Ел Класико ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“, а токму тоа треба да биде шанса мадриѓани со победа да ја вратат самодовербата, но и првото место во домашното првенство. Сепак, каталонските медиуми се уверени дека Барселона ќе победи и за тоа голема заслуга ќе има нивниот некогашен тренер Пеп Гвардиола.

„Пеп твојот прст ни го покажа патот“, стои на страниците на весникот „Спорт“.

Шпанецот, кој сега е на чело на Сити, синоќа успеа да го надмудри Зидан, а гостите со пресврт во последните 15 минути да стигнат до победата. На тој начин Гвардиола постави неколку рекорди. Тој стана првиот тренер кој успеал десетпати да слави против Реал во 21 век, а најмногу пати тоа го правел токму како предводник на каталонскиот гигант.

Гвардиола стана и тренерот со најмногу триумфи во нокаут-фазата, сега има 28 победи, оставајќи го зад себе Сер Алекс Фергусон (27). Во недела ќе се види дали Барселона навистина ќе најде начин како Гвардиола да се радува на „Сантијаго Бернабеу“ или Реал брзо ќе закрепне по синоќешниот неуспех.

Дел од најновите наслови во шпанските весници велат дека можно е да се случи да биде доведено во прашање одигрувањето на Ел Класико, а која е причината за тоа, прочитајте ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести