Жалгирис го победи Милано со 105:96 по едно продолжение, а неверојатната приказна на Евролигата продолжи со нов драматичен меч во Каунас.
Во регуларниот дел и двете екипи пропуштија можност да победат во последен напад, а мечот заврши нерешено, 91:91, па се играше продолжение од пет минути.
Најџел Хејс со 21 поен изненади и беше најефикасен на мечот, а кај Жалгирис го следеа Лидеј со 19 поени и Волкап со 18.
Кај поразениот тим имаше трилинг кошаркари со по 18 поени, а во друштво како најефикасни кај италијанскиот состав се Мицов, Родригес и Тарчевски.
Претходно Химки го декласираше Лион Вилербан со 108:79.