Челзи бара слатки цреши на „Виталити“ во Борнмут

Борнмут – Челзи (Премиерлига, Англија 16 часот)

Челзи има неколку незгодни порази од Борнмут во последните сезони, а и во оваа загуби со 0:1 на домашен терен. Популарните „цреши“ го декласираа клубот од Лондон и во меч од ланската сезона со 4:0 на домашен терен и имаат уште една убедлива победа над денешниот ривал, во јануари 2018 година, кога маршираа на „Стемфорд Бриџ“ и си заминаа со голем триумф од 3:0.

Сега Челзи им доаѓа и како ранет лав, по поразот од Баерн во Лигата на шампионите со 0:3. Сепак, Челзи нема поинаков избор освен победа, ако не сака да си го загрози настапот во луксузната европска лига и за следната сезона.

Франк Лампард ќе мора да најде рецепт за победа, бидејќи со само еден триумф на последните пет меча во Премиерлигата, на Челзи опасно му се приближија неколку клубови кои атакуваат на четвртото место, пред се Манчестер јунајтед, Тотенхем, Шефилд јунајтед и Вулверхемптон.

Предлог тип: 2 (1.82)

 

Вест Хем – Саутемптон (Премиерлига, Англија 16 часот)

Вест хем одигра изненадувачки добро против лидерот Ливерпул и со малку среќа можеше да остане непоразен на „Енфилд Роуд“.

Тимот што го предводи Дејвид Мојс има квалитет за повисок дострел од битката за опстанок, но и проблемите со повредите си го чинат своето.

Вилшер и Јармоленко долго паузираат, а против Саутемптон нема да игра и новото засилување Соучек, по повредата на колкот на дуелот со Ливерпул. Надвор од строј е и Фредерикс, па јасно е дека Чеканите имаат проблеми.

Управата на Саутемптон ги издржа сите притисоци за смена на Австриецот Ралф Хазенхитл по дебаклот од Лестер со 0:9 на домашен терен и потегот се покажа како рационален и исправен.

Хазенхитл успеа да го стабилизира тимот што игра многу подобро во вториот дел од сезоната и е на 12. место со 10 бода пред Вест хем  и Ватфорд и 13 пред Норич, триото што се наоѓа во зоната за испаѓање од Премиерлигата.

Го имаат и препородениот голгетер Дани Ингс во своите редови. Играч кој го дели со Салах четвртото место на листата со најдобри стрелци со по 15 гола и кој е клучен фактор за солидните резултатите на Светците.

Двете екипи и постигнуваат, но и примаат доста голови и ќе се обидеме со интересен тип, дека ќе има најмалку еден гол во првото полувреме и минимум два во вториот дел.

Предлог тип: 1+I& 2+II (2.70)

 

Валенсија – Бетис (Ла Лига, Шпанија 16 часот)

Валенсија се наоѓа во голема криза, што пред се ја предизвикаа повредите на дел од клучните играчи. Репрезентативецот на Шпанија Родриго не игра, се повредија и стоперот Гарај и левиот бек Гаја, а не игра ниту Габриел.

Неизвесен е и настапот на Коклан, Пичини, Мангала… што им носи многу проблеми на Лилјаците. Имаат лоша серија од пет меча без победа, а четири од нив се порази.

Ниту Бетис не е ништо подобар со серија од шест натпревари на кои играчите од Севилја не се радувале на триумф на различни фудбалски фронтови во Шпанија.

На „Месталја“ нема да игра Бартра, а неизвесни кај гостите се и Иглесијас и Хуанми. И двете екипи во моментов имаат порозни одбрани, па се очекуваат голови, со предност за Валенсија.

На „Месталја“ и сите што при срцето им е Валенсија се уште се надеваат на подвиг и елиминација на Аталанта и покрај поразот во Милано од 1:4 во Лигата на шампионите, па мечот со Бетис ќе биде одличен тест за можностите на овој состав на Лилјаците.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.18)

 

Пари сен Жермен – Дижон (Лига 1, Франција 17.30 часот)

Првото место на ПСЖ во Франција не му е загрозено, но фудбалерите на тимот од Париз како да се тркаат во последно време да одиграат што поефикасен меч.

Од последните пет дуели на „светците“ во натпреварувањата во Франција сури три завршија со 7+, а на едниот му фалеше еден гол за да се приклучи во серијата ултра-ефикасни мечеви.

Токму против Дижон шампионот на Франција славеше со 6:1 на гостински терен пред 15-на дена, но во меч од францускиот куп. Тогаш играчите на Дижон си постигнаа два автогола, а уште четири различни стрелци на ПСЖ им ја тресеа мрежата.

Парижани имаат и една победа со неверојатни 8:0 против Дижон од 2018 година, па се чини дека гостите ќе имаат само една цел, како да избегнат нов бродолом против ПСЖ.

За шампионот на Франција нема да игра Нејмар и неговиот сонародник Тијаго Силва е повреден, но ПСЖ има квалитетни замени и е многу опасен и супер-офанзивно ориентиран тим. Ќе сакаат со голови да ја кренат атмосферата по лошиот настап во Дортмунд, каде загубија од Борусија со 2:1 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите. Ги чека реванш на 11. март, па против Дижон им е шанса со убедлива победа да ја вратат самодовербата.

Дижон се бори за опстанок и има серија од четири меча без победа и се чини дека немаат никакви шанси за подвиг.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.05)

 

Анталијаспор – Фенербахче (Суперлига, Турција 18 часот)

Навивачите на Фенербахче беа бесни по поразот од Галатасарај, па дури имаше и инцидент со првиот човек на клубот, Али Коч. Имаше вербален дуел со симпатизерите, но за среќа се мина без физичка пресметка.

Во таква, лоша атмосфера Фенер ќе и гостува на разиграната Анталијаспор. Една од причините за драстично подобрите резултати на клубот од Анталија е доаѓањето на Адис Јаховиќ. Поранешниот македонски репрезентативец игра одлично за новиот клуб и постигнува и голови и асистира, а Анталијаспор нема пораз на пет меча во пролетниот дел од шампионатот.

Домаќините ќе бидат ослабени со неиграњето на Ѓумуш, кој беше исклучен против Малатија, нема да игра и Оцтурк, а неизвесен е настапот на Сангаре.

Кај гостите од Истанбул ќе ги нема Исла и Емре Белозоглу, а има уште неколку играчи што може да не настапат поради повреди. Гостите доаѓаат во лоша атмосфера и со пораз од вечниот ривал Галатасарај, па Анталијаспор може да ја искористи шансата и да го нокаутира фаворитот. Посигурна варијанта според нас е дека ќе има гол(ови) во двете мрежи, а за сите што веруваат во квалитетот на расниот стрелец Адис Јаховиќ, во Sport Life можат да типуваат дека ќе постигне гол за коефициент 2.60.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

Во стандардната дневна понуда со специјални коефициенти во Sport Life можете да ги одиграте следните натпревари:

Лацио – Болоња Т1 2+&ГГ (2.40)

Хофенхајм – Баерн 2&2-4 гола (2.55)

Ватфорд – Ливерпул 2&3+ (2.15) 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести