Новата фудбалска сезона започна пред само еден месец, а веќе го имаме и промашувањето на годината. На мечот од англиската Чемпионшип дивизија играа екипите на Норвич и Вотфорд, а фудбалерот на гостите, Даниел Џебисон, се посрамоти за сите пари.
После еден корнер, топката удри во стативата и се дојде до ногата на Џебисон, кој беше на само еден метар од противничкиот гол, но топката наместо во мрежата, заврши на трибините.
Daniel Jebbison😭😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/nRAnQ9LpwH
— All Things Sheffield United (@AllThingsBlades) September 21, 2024