Британскиот боксер, Даниел Дубоа, успеа да ја одбрани светската титула во тешка категорија, откако на „Вембли“ во Лондон пред 96.000 гледачи успеа да го совлада сонародникот, Ентони Џошуа, со нокаут во петтата рунда.
Џошуа веќе двапати беше светски шампион и се обидуваше да дојде до историската трета титула, но Дубоа беше подобар во борбата уште од самиот почеток, па на Џошуа беше во нокдаун уште во првата рунда, а потоа и во третата. Тој се обидуваше да остане во мечот колку може подолго, а во петтата рунда кога тргна во противнапад, беше нокаутиран.
IT'S ALL OVER🔥🔥🔥#RiyadhSeasonCard: Wembley Edition#JoshuaDubois | Live NOW on https://t.co/FoiaUucafv: Click link in bio to buy | @Turki_alalshikh pic.twitter.com/zZEm2Vufy9
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) September 21, 2024