Игор Ангеловски ќе има многу проблеми да ја состави одбраната на македонската репрезентација за мечот со Косово на 26.март, а лоши вести стасаа од Лисабон и од Риека.
Стефан Ристовски се врати на терен по еден меч пауза и повторно се повреди, па излезе од игра по само 25 минути проведени на терен на мечот против Авеш.
Стандардниот десен бек се жали на проблеми со бутниот мускул и се уште не се знае колку есериозна повредата и дали ќе биде подготвен за полуфиналето во Лигата на Нации против Косово на 26. март.
Проблеми има и стоперот Дарко Велковски, кој се повреди на дуелот со Динамо Загреб, а не играше ниту денеска против Хајдук во хрватското дерби.
Кај него проблем е „задњата ложа“, што не е нималку наивна повреда, па и за него не се знае дали ќе игра во Скопје на 26. март против Косово.