Сопственикот на Олимпијакос и Нотингам форест има Коронавирус

Првиот човек на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, на „Фејсбук“ објави дека е позитивен на тестирањето за Коронавирус. Грчкиот бизнисмен кој е сопственик и на англискиот клуб Нотингам форест смета дека е подобро кога тоа ќе се објави јавно за да може да се преземат мерки и болеста да не се пренесе.

„Новиот вирус ме посети и се чувствував должен јавно да дадам до знаење. Добро се чувствувам и се преземаат сите потребни мерки, дисциплинирано ги следам препораките на лекарите. Силно им препорачувам на сите да го направат истото и им посакувам многу здравје“, напиша 52-годишниот Маринакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести