Четири гола на феноменалниот Словенец – Иличиќ ја наполни мрежата на Валенсија на празната „Месталја“ (Видео)

Аталанта и Лајпциг се првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите и тој тандем ретко кој го очекуваше во завршницата на луксузното натпреварување, но таму се апсолутно заслужено.

Јосип Иличиќ со четири гола ја наполни мрежата на Валенсија на празната „Месталја“ и беше главен актер во новата победа на Аталанта, вечерва со 4:3 против популарните Лилјаци.

Словенецот на 32 години стана највозрасниот фудбалер што на меч на гостување во Лигата на шампионите постигнал хет-трик, а вечерва дури стигна и до покер.

https://twitter.com/baketerana/status/1237496490530091011?s=20

Головите за шпанскиот тим ги дадоа Кевин Гамеиро два и Феран Торес еден.

Втора победа во осминафиналниот двомеч забележа и Лајпциг, вечерва со 3:0 против ланскиот финалист Тотенхем. Марсел Сабицер беше стрелец на два гола, а еден за печат на убедливата победа во реваншот постигна Форсберг.

Германскиот тим победи и во Лондон со: 1:0 и со вкупен резултат од 4:0 го елиминира Тотенхем и патува во четвртфиналето без примен гол.

- Оглас -

Најнови вести