Столе Димитриевски конечно доби шанса на голот на Валенсија и одлично ја искористи

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски конечно доби шанса да застане на голот на Валенсија. Тој беше стартер за шпанскиот тим на гостувањето кај нисколигашот Парла на стартот од натпреварите во Копа дел реј.


Димитриевски беше успешен и исто како и во македонскиот национален тим, ја сочува мирна својата мрежа. Валенсија славеше на овој натпревар со 0-1, а стрелец на голот беше Пепелу во 20-тата минута.

Столе Димитриевски во македонската репрезентацијата има серија од 531 минута без примен гол, а еве сега и на голот во Валенсија беше успешен.

- Оглас -

Најнови вести