Добри информации стигнаа од Франција, резултатите се покажаа негативни по тестирањето на Килијан Мбапе за Коронавирус. Се работело за ангина и затоа Мбапе имал проблем со грлото, но тестирањата биле направени за секој случај.
Французинот веќе трет ден е надвор од тимот на Светците и многу веројатно вечерва нема да биде во комбинација за реванш-дуелот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.