Скандал во Црна Гора: Голманот на Будуќност нокаутираше соиграч! (Видео)

Фудбалерите на Будуќност Подгорица одиграа 2-2 на домашен терен во дербито против Сутјеска и полека ја губат битката за титулата во Дечич. Лошиот резултат беше причина навивачката група „Варвари“ да ги повика фудбалерите пред нивната трибина, паднаа навреди и пцовки, но вистински скандал предизвика голманот на домашните, Ѓорѓије Павличиќ, кој го нокаутираше својот соиграч Игор Ивановиќ. Не е позната причината за ваквата постапка.

Лидер во првенството на Црна Гора на четири кола до крајот е Дечич од Тузи со 58 бодови, пред Будуќност со 55 и Сутјеска со 53.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести