МЗТ Скопје ја прекина серијата од пет порази и со триумф од 75:74 против Ловќен го заврши регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата.
Металците се трети и ќе играат во полуфиналето против второпласираниот Сплит. Андреј Маслинко беше меч-винер со поени на една минута и 49 секунди, но МЗТ Скопје не беше уверлив и не потврди комплетно дека кризата е минато.
Црногорскиот тим имаше предност од шест поени пред стартот на последниот период, но домаќините успеаја да направат пресврт и да победат.
Дамјан Стојановски со 17 поени беше најдобар стрелец кај домашниот тим на мечот што се играше без публика. Магдевски и Милошевиќ постигнаа по 15 поени, а Маслинко стигна до десетка.
Сплит во доигрувањето ќе ја има предноста на домашен терен против МЗТ Скопје.