Фармацевтите му нанесоа главоболка на Стивен Џерард

Баер Леверкузен се избори за триумф на „Иброкс“ против Глазгов ренџерс со конечни 3-1. Гостинските погодоци ќе им бидат од голема корист на Фармацевтите во пресрет на реваншот кои ги реализираа младиот Хаверц, Арангиз и Бејли.

Гостите добија пенал кој го реализира Хаверц во 37-мата минута, а точно по половина час игра, не сметајќи ја паузата, на 2-0 зголеми Арангиз. Едмундсон им донесе надеж на Ренџерите на Стивен Џерард на петнаесетина минути пред крајот на средбата, но и покрај притисокот во финишот, домаќините не избегнаа пораз, а наместо израмнување примија и трет гол во финишот.

Со идентични 2-1 славеше и Шахтар на гостувањето кај Волфсбург откако на мечот се видоа два утнати пенали. По голот на Мораеш, тимот од Доњецк пропушти шанса да зголеми на 2-0 откако Коваленко не ја искористи шансата од белата точка во 22-рата минута, а пред паузата и Вегхорст утна најстрога казна за Волците. Брукс изедначи на 1-1 по стартот на вториот дел, а триумфот за Шахтар го обезбеди Антонио во 73-тата минута.

Олимпијакос и Вулверхмептон ремизираа при конечни 1-1, откако грчкиот состав и со играч помалку поведе преку Ел Араби во 54-тата минута, а Нето го спаси составот на Еспирито Санто од пораз.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести