Дембеле и Гриезман во замена за Нејмар?

Додека трае хаосот со коронавирусот, управата на Барселона прави стратешки план како да го врати Нејмар во своите редови. Веќе е познато дека Бразилецот нема ништо против да се врати на „Камп ноу“, апелираше и Лео Меси да се оствари овој трансфер.

Иако Каталонците доста се потрошија во изминатите неколку трансфер прозорци, сепак најдоа начин како да го остварат овој мултимилионски трансфер. Шпанските медиуми известуваат дека Барса се подготвена да ги понуди Антоан Гриезман и Усман Дембеле во директна размена за услугите на Нејмар.

Услугите на двајцата француски дефанзивци би биле доволни за Светците да го пуштат Нејмар без парична отштета. По преселбата во Париз, Нејмар стана најскап фудбалер во светот со трансферот вреден 222 милиони евра, додека Барселона за Дембеле и Гриезман потроши околу 270 милиони евра.

Гриезман во својата прва сезона како играч на Барселона забележа 14 погодоци на 35 меча во сите натпреварувања, учинок кој според Каталонеците не ги оправдува средствата, додека Дембеле речиси цела сезона ја пропушти поради повреди.

- Оглас -

Најнови вести