Инсиње е херој на денот во Неапол

Лоренцо Инсиње донирал 100.000 евра во болницата Котуњо во Неапол, како помош во борбата за истребување на Коронавирусот од Неапол.

Овој хуманитарен потег на Инсиње го открија раководиттелите од болницата, иако самиот фудбалер сакал да остане анонимен и да не се знае дека тој е човекот кој решил да подари 100.000 евра во овие тешки моменти не само за овој град, туку за цела Италија.

Инсиње е роден во Неапол и е дете на Наполи. Ги помина младинските категории на тимот, а потоа во 2010 година дебитираше за сениорскиот тим. Како позајмен играчи беше во три клуба, но Наполи е неговиот дом и затоа реши да помогне во борбата со Коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести