Портпаролот на кинеското Министертство за надворешни работи, тврди дека американската војска го донела коронавирусот во Кина, и тоа за време на Светските воени игри кои се одржаа во октомври минатата година во Вухан. Неколку недели после игрите, токму во градот Вухан почна да се шири заразата, која сега е најзастапена во некои европски земји.
Во октомври, во Вухан имаше околу 300 американски спортисти, а на настанот имаше вкупно 9.603 војници кои се натпреваруваа во повеќе спортови. Некои од американските војници тогаш биле хоспитализирани поради „ретко запаление на белите дробови“.
Според кинеските и руските новинари, тоа бил свесен потег на САД, кои и претходно го тестирале вирусот, и намерно го пренеле во Вухан. Слична теорија на заговор има и поранешниот малезиски премиер кој во јануари изјави дека Воените игри биле почеток на биолошка војна помеѓу Американците и Кинезите.
Светската здравствена организација тврди дека Ковид-19 првпат се појавил на 31 декември, а во тек е потрага за потеклото на вирусот.