Герет Бејл е најголемиот виновник од играчите на Реал Мадрид за кризата што го тресе Кралскиот клуб, според мислењето на навивачите на клубот.
Во анкета за „Марка“ популарните мадристи немаа милост ниту кон капитенот Серхио Рамос, ниту кон Карим Бензема. Според нив, тие се меѓу главните виновници за хаосот во клубот.
Велшанецот Бејл најмногу ги разочара и тој собра дури 56 илјади гласови. Од него се незадоволни бидејќи беше скапо платен, дури повеќе и од Кристијано Роналдо, а нема впечатлив учинок на теренот. Далеку е од Роналдо, дури и немерлив е придонесот на Велшанецот, а скапо е платен, коментираат навивачите на актуелниот европски првак.
Рамос е виновен за ангажманот на Хулен Лопетеги, бидејќи капитенот беше еден од главните симпатизери на поранешниот шпански селектор. Тој инсистираше Лопетеги да дојде во Реал Мадрид, а познато е што се случи откако Хулен дојде во клубот.
На третото место е Бензама, според изборот на навивачите. Го нема Кристијано и Карим како да исчезна од теренот. Не дава голови, се мачи на секој меч и веќе е непрепознатлив. Далеку е од старата форма, велат симпатизерите на Реал.
По триото главни виновници, следат: Варан, Асенсио, Модриќ, Крос, Иско, Куртуа и Марсело.