Целиот тимк на Арсенал е во домашна изолација откако се откри дека тренерот Микел Артета е заразен со Коронавирусот. Воедно Премиер лигата привремено е прекината поради вонредната состојба, а на фудбалерите им се дадени посебни програми по кои треба да се држат за да ја сочуваат формата.
Дефанзивецот Сеад Колашинац на социјалните мрежи се пофали како му изминуваат деновите во карантин и се чини дека Босанецот доста време посветил на своето тело. Колашинац билда толку многу што застана покрај фигурата на Бетмен да ги спореди мускулите, а ако продолжи во вакво темпо, за брзо време и ќе го стигне суперхројот од стриповите на „Ди-Си“.
https://twitter.com/seadk6/status/1239229403315474432