Најмалку до јуни нема да се гледа атлетика бидејќи се откажаа првите три натпреварувања на Дијамантската лига. Претходно се откажа СП, кое требаше да се одржи во јануари во Кина, а сега се одложени митинзите во Катар и Кина, кои првично на распоредот беа во април и мај.
Тоа значи дека за мајката на спортовите ќе се чека најмалку до 28 мај, односно стартот на Златната лига во Наполи, но и тоа натпреварување е неизвесно дали ќе се одржи. Речиси е сигурно дека атлетиката ќе се врати на митингот во Шангај, кој е закажан за 13 август.