Нигериецот Џон Оби Микел има голем пад во фудбалската кариера и денеска со меѓусебен договор со управата на Трабзонспор доби зелено светло да ја смени средината.
Иако договорот му важи до 31 мај 2021 година, од него не зе задоволни во редовите на лидерот во турското првенство и одлучија да ја прекинат соработката.
„Одлучивме да ја прекинеме соработката со Џон Оби Микел со меѓусебен договор. Му посакуваме на Оби многу среќа во понатамошната кариера“, објави Трабзонспор.
Нигериецот има 32 години и има интересна фудбалска биографија. Во 2006 година ги скара Челзи и Манчестер јунајтед при трансферот од норвешкиот Лин во Англија.
Манчестер јунајтед објави дека има потпишано договор со 19-годишниот Микел, но Челзи ја доби битката и Оби долго играше на „Стемфорд бриџ“.
Остана во Лондон цели 11 години, од 2006 до 2017 година, кога се пресели во кинески Тијанџин Теда, а оттогаш кариерата му оди во надолна линија.
Во 2019 година одигра само 18 натпревари за Мидлсборо, па се пресели во Трабзонспор, клуб за кого има само шест настапи во нецели две сезони.
Микел има 89 настапи за репрезентацијата на Нигерија и постигна шест гола.