Четворица фудбалери на Еспањол кои беа заразени од Коронавирусот се пуштени од болница, соопштија шпанските медиуми. Вкупно шестмина играчи на каталонскиот тим беа заразени од опасниот вирус, а во болница останаа кинескиот играч за врска, Ју Леј и уругвајскиот дефанзивец Леандро Кабрера.
Играчите кои се пуштени од болница сепак ќе останат во домашна изолација и во следните 15 дена ќе се следи нивната ситуација.
Во Шпанија од Коронавирусот синоќа почина поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс.