Како во времето на Студената војна, почна бојкотот на ЛОИ

Пред 35 години последен пат се случи спортисти од некоја голема земја да го бојкотираат настапот на Летни олимписки игри, а сега иако нема Студена војна помеѓу Истокот и Западот, има друг вид „војна“, против Коронавирусот, и тоа може да доведе до одложување на Олимписките игри во Токио за следната година.

Прв конкретен чекор повлече Олимпискиот комитет на Канада, кој официјално потврди дека ќе ги бојкотира Игрите во Токио ако се случат ова лето. На другата страна на светот, од Австралија порачаа: „Подготвувајте се за ЛОИ во Токио 2021 година“.

Со овие потези на две трофејни олимписки земји се врши притисок врз ИОК на следната седница за еден месец да донесе одлука за поместување на ЛОИ од оваа за наредната година. Одлуката треба да се донесе за 22 април, но претпоставка е дека свеченото отворање нема да се случи на 24 јули, како што беше планирано. Во Јапонија ниска е смртноста од Коронавирусот, но спортистите се плашат да одат во земја која е блиска до Кина, од каде што почна „домино-ефектот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести