Полјаците одлучија: Крај на сезоната, прогласен е и шампионoт

Ракометната федерација на Полска одлучи да стави крај на сезоната и според моменталната состојба на табелата да прогласи шампион. Кјелце ја одбрани титулата ако се знае дека е на врвот на табелата со 72 бода и само еден пораз по 25 одиграни натпревари.

Пандемијата со Коронавирусот ги натера Полјаците да реагираат на ваков начин откако претходно сезоните и кошаркарската и хокеарската лига се прекинаа и беа прогласени шампиони.

За Кјелце ова е 17-та национална титула, додека второто место ѝ припадна на Висла Плок. Во женска конкуренција ракометен првак на Полска е тимот на МСК Лублин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести