Приказната за големото пријателство што трае од најмали нозе на Мејсон Маунт и на Деклан Рајс е познато, а летово Челзи ќе се обиде да го спои тандемот англиски репрезентативци во својот табор.
Маунт неодамна беше и казнет од Челзи поради напуштање на карантинот, а замина да тренира токму со Рајс. Моментно Деклан е играч на Вест хем и има долгогодишен договор со Чеканите, но Челзи ќе се обиде да го доведе на „Стемфорд бриџ“. Неговата приказна е многу интересна бидејќи ги мина сите младински селекции на Република Ирска, дури и одигра три меча за сениорската репрезентација, но потоа одлучи да настапува за Англија.
Маунт ги има минато сите нивоа како репрезентативец на Англија, а стигна во Академијата на Челзи како 6-годишно дете, две сезони пред врсникот Рајс. Двајцата имаат по 21 година и се голема перспектива на англискиот фудбал.