Бордот на директори на кошаркарската Евролига на денешниот состанок одлучи да не ја откаже сезоната. Иако повеќе од две недели не се игра кошарка во Европа и тешко е да се каже колку ќе трае паузата, челниците на Евролигата ќе почекаат подобрување на условите.
Засега не се планира ниту менување на форматот (ќе се игра четвртфинале на елиминации и фајнал-фор за одредување на шампионот), но сепак ако има потреба од преадаптација, и тоа ќе се случи.
По излегувањето од дома, веројатно ќе се забрза распоредот на мечеви, но прашање е како ќе се изведе тоа кога клубовите имаат обврски и во домашните првенства.