Пеле откри добро чувана тајна, призна дека бил заљубен во Васко

Најголемиот фудбалер во историјата на клубот Сантос, а за многумина и најдобар фудбалер на сите времиња, Пеле, изјави дека во младоста бил фан на клубот Васко да Гама, и ако треба да бира чиј дрес би го носел, а да не е на Сантос, би сакал да биде на Васко. Пеле има 79 години, а љубовта кон Васко му била уште пред да стане познат.

„Повеќето мои другари и пријателите на татко ми, навиваа за Коринтијанс. Не знам како се случи, но јас почнав да навивам за Васко“ – открива Пеле.

Да биде иронијата поголема, Пеле својот илјадити гол во кариерата го постигна од пенал во 1969 година, токму против Васко да Гама на славната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

„Имав можност на еден пријателски меч да играм едно полувреме во дресот на Васко. На официјален меч, за бразилски клуб освен за Сантос, би играл само за Васко“, додава Пеле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести