Дончиќ повторно крена прашина, „меша“ на песна која ги скара Србија и Црна Гора (Видео)

Песната „Crazy Summer Dance“ која ја изведуваше групата Фламингоси, во 2006 година, требаше да победи на фестивалот „Беовизија“, и да биде претставник на Србија и Црна Гора на изборот на песна за Евровизија, но победата им беше „украдена“ и таа ситуација ги скара Србите и Црногорците кои дотогаш беа во иста држава, па никој не замина на Евросонг.

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ, објави снимка од ланскиот летен одмор, на која се гледа како тој на еден глисер со кој плови по јадранското море, се забавува и „меша“ со звуците токму на хит песната на Фламингоси која доби најмногу гласови од Србите, но не доби ниту еден глас од жирито во Црна Гора, и публиката во Белград почна да пцуе, свири, па дури и да фрла шишиња на сцената.

Неодамна, Лука беше невнимателен и несакајќи објави клип на кој фановите на Црвена ѕвезда ги навредуваат Албанците, а сега објави како игра на песна за која веројатно не ни знае какви последици донесе и каков скандал предизвика во земјата од која потекнува татко му.

- Оглас -

Најнови вести