Дончиќ избриша видео во кое се навредуваат Албанците (Видео)

Намерата на НБА-ѕвездата Лука Дончиќ да објави видео на кое ќе го покаже лицето на зачудената сестра на кошаркарот Чарлс Џенкинс од атмосферата која ја создаваат навивачите на Црвена ѕвезда, се претвори во дебакл, па Словенецот го избриша клипот и јавно се извини.

Дончиќ вели дека не ги слушнал добро зборовите кои се скандираат во моментите кога сестрата на Џенкинс реагираше со чудење. На тој начин намерата на Лука да ги насмее своите фанови со гримасата на сестрата на популарниот Џенка пропадна и тој се извини со оправдување дека да слушнел добро што се скандира, не би го објавил видеото.

Фановите на Ѕвезда прават заглушувачка атмосфера во салата, но проблемот е што викаат „Кој не скока, тој е Албанец“ и повикуваат на убивање и колење на Албанците.

Спорното видео може да се погледне тука.

- Оглас -

Најнови вести