Шоу на Дибиров: Убаво е да седам дома, не мора да го гледам Стоилов секој ден (Видео)

Тимур Дибиров ви порачува да останете дома во кризниот период предизвикан од пандемијата со Коронавирусот, а тоа го стори на многу шеговит начин.

„Зошто е толку убаво да се седи дома? Конечно можам да видам како учат моите деца, можам да спијам колку што сакам и нема да го гледам секој ден Стојанче Стоилов…“ вели Дибиров на интересен и шеговит начин.

Стоилов сигурно нема да му се налути бидејќи двајцата заедно прегрема многу ракометни битки, меѓу нив и двете најважни во последните две изданија во Лигата на шампионите, во кои Вардар стигна до титулата европски првак.

Видеоматеријалот, или шоуто на Дибиров, можете да го погледнете ОВДЕ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести